Роберто Карлос итно опериран поради проблеми со срцето!

Бразилската фудбалска легенда Роберто Карлос заврши во болница во Сао Паоло поради проблеми со срцето, а оперативниот зафат траел околу три часа поради компликации.

Поранешниот лев бек на Бразил во моментов е во болница и се наоѓа надвор од животна опасност, објави „Дејли Мејл“.

Проблемите со срцето биле откриени случајно, откако Карлос бил на преглед каде што докторот му соопштил дека мора да оди итно на операција.

Шпанскиот медиум „АС“ објави дека зафатот требало да трае 40 минути, но поради компликации Карлос поминал дури три часа во операциона сала.

Фото: EPA