Држава која никогаш не победила на Африканскиот Куп на Нации обезбеди осминафинале
Танзанија на годинашното издание на турнирот запиша два ремија и еден пораз, но тоа беше доволно за следна фаза.
По почетниот пораз од Нигерија, ремизираа со Уганда и Тунис и благодарение на тој учинок обезбедија пласман понатаму како една од најдобрите третопласирани селекции. Системот на натпреварување, според кој и третопласираните репрезентации можат да изборaт пласман во елиминациската фаза, им овозможи со вкупно два бода да се најдат во осминафиналето.
Но, Танзанија не само што нема победа на овој турнир, туку и во целокупната своја историја на настапи на Африканскиот куп на нации сè уште нема забележано ниту еден триумф.
Ова е нивен четврти настап на континенталното првенство. Дебитантскиот настап го имаа во 1980 година во Нигерија, кога освоија еден бод во три натпревари. Потоа, во 2019 година во Египет го завршија турнирот со три порази, додека на претходното издание во Брегот на Слоновата Коска запишаа два ремија и еден пораз, што тогаш не беше доволно за пласман понатаму.
Фото. EPA