Каква глупост: Соиграч на Мато направи потег кој е тешко да се објасни (ВИДЕО)
Имено, чуварот на мрежата на Уганда при една контра на Нигерија истрча далеку од својот гол и кога веќе беше неколку метри пред шеснаесетникот одлучи со рака да го спречи напаѓачот на Нигеријците да погоди.
Навистина не е јасно што мислеше во тие моменти кога се одлучи на таков потег знаејќи дека според правилата му следи директен црвен картон. Во тие моменти Уганда губеше со 1-0, а неколку моменти по неговото исклучување, Нигерија постигна и уште два гола.