Л'Екип одлучи: Погачар е најдобар светски спортист на годината!

Францускиот весник „Л'Екип“ го избра словенечкиот велосипедист, Тадеј Погачар за спортист на годината, во женска конкуренција наградата ја доби канадската пливачка Самер Мекинтош.

Погачар до наградата стигна победувајќи го тесно скокачот со стап, Дуплантис кој во други избори беше прогласен за најдобар.

Словенецот освои 821 бод, Дуплантис 799. Двајцата беа многу пред останатите, на пример трет беше Карлос Алкараз со 252 бодови.

Спортистката на годината, Канаѓанката Мекинтош го освои првото место со 628 бодови во женска конкуренција. Втора беше американската атлетичарка Сиднеј Меклафин со 516 бодови, а трета Мелиса Џеферсон-Вуден со 425 бодови.