„Не ми се допаѓа новиот формат на СП, ќе има многу победи од 5-0“

Престојното Светско првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико ќе брои рекордни 48 репрезентации, а тоа не им се допаѓа на сите.

Еден од оние кои не се сложуваат со проширувањето на Мундијалот е германската фудбалска легенда, Тони Крос.

„Јас сум против форматот на Светското првенство со 48 екипи: со толку многу екипи, ќе видиме многу резултати од 5-0 во групите... Ова не се натпреварите што навивачите сакаат да ги гледаат. Ме интересираат добри, квалитетни натпревари што уживаме да ги гледаме. Не уживам во резултати од 5-0 или 6-0. Германија и Бразил не се меѓу петте главни фаворити“, рече прославениот Германец.

Светското првенство почнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули.