Јокиќ од друг свет: Монструозен трипл дабл и рекорд на сезоната во НБА (ВИДЕО)

Божиќната програма во НБА лигата повторно понуди неколку спектакуларни натпревари, но најдоброто дојде на крајот од денот.

Мечот на сезоната го одиграа Денвер и Минесота, а го одбележа кој друг, ако не Никола Јокиќ. Денвер победи со 142-138 по продолжение, но српскиот ас на овој тим го оствари 179. трипл дабл во кариерата, постигнувајќи 56 поени, 16 скока и 15 асистенции. Постигнатите 56 поени се рекорд на сезоната во НБА, еден повеќе од досегашниот рекорд кој го држеше Јокиќ со Џејмс Харден и Шеј Гилџес Александер.

Освен тоа, 56. поени го ставаат Јокиќ на третото место на вечната листа на кошаркари со постигнати најмногу поени на Божиќ, по Бернард Кинг кој во 1984 година постигна 60 и Вилт Чембрлен со 59. На крајот, тој е само трет играч во историјата на НБА со повеќе од еден трипл дабл за Божиќ, по Оскар Робертсон кој има четири и Расел Вестбрук со два.

Србинот можеше да остане со далеку помал број поени ако Денвер го решеше прашањето околу победникот во основниот дел за што имаше услови затоа што на пет минути пред крајот водеше со 15 разлика. Минесота потоа направи серија од 11-0 за на две минути пред крајот да се доближи на 107-108. И повторно делуваше дека Денвер ја има победата затоа што во последната минута влезе со 113-107, но во драматичниот финиш во кој имаше неколку непромислени потези на домашните играчи, Минесота се избори за продолжение.

Во дополнителните пет минути Денвер постигна 27 поени, а 18 од нив реализира Јокиќ кој буквално сам му ја донесе победата на својот тим. Неговото фантастично издание придонесе во длабока сенка да остане Ентони Едвардс иако суперѕвездата на Минесота постигна 44 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Денвер – Минесота 142-138
ЛА Лејкерс – Хјустон 96-119
Голден Стејт – Далас 126-116
Оклахома – Сан Антонио 102-117
Њујорк – Кливленд 126-124