Поранешен професионален покер играч презема еден од најстарите фудбалски клубови

Бившиот професионален покер играч Џејмс Борд е главен кандидат за преземање на второлигашот Шефилд венздеј. Еден од најстарите клубови, формиран во 1867 година, веќе некое време е во стечај, па управата постигна договор со потенцијалниот купувач.

Борд ја почна кариерата во компании за обложување пред да заработи 4,3 милиони долари со играње покер, а сега предводи компанија која користи вештачка интелигенција за спортска анализа.

Бизнисменот има акции и во шпанскиот второлигаш Кордоба и бугарскиот тим Септември Софија. Неговата понуда мора да го помине тестот на сопствениците и директорите во англиската лига и би можел да се соочи со пречки поради своето минато и обложување.

Конкуренција на покер играчот му е поранешниот газда на Њукасл, Мајк Ешли.