Поранешен професионален покер играч презема еден од најстарите фудбалски клубови
Борд ја почна кариерата во компании за обложување пред да заработи 4,3 милиони долари со играње покер, а сега предводи компанија која користи вештачка интелигенција за спортска анализа.
Бизнисменот има акции и во шпанскиот второлигаш Кордоба и бугарскиот тим Септември Софија. Неговата понуда мора да го помине тестот на сопствениците и директорите во англиската лига и би можел да се соочи со пречки поради своето минато и обложување.
Конкуренција на покер играчот му е поранешниот газда на Њукасл, Мајк Ешли.