Фјури ќе влезе во ринг со Џошуа, но само под еден услов!

Тајсон Фјури е подготвен следната година да влезе во ринг со Ентони Џошуа, но борбата која ја чекаат голем број фанови ќе се случи само под еден услов.

Промотерот на Фјури, Франк Ворен откри дека боксерот е расположен за борба, но сè зависи од финанските услови.

„Тоа што го интересира Фјури е финансискиот аспект. Верувам дека може да го победи Џошуа, во тоа верува Тајсон и неговиот тим. Сè се врти околу вредноста на борбата. Тоа е голема борба и вреди многу пари“, кажа Ворен.

Ворен откри дека најверојатно бокс-мечот ќе се одржи во Саудиска Арабија, односно во Ријад.