Фереро ја отвори душата: Ме боли разделбата со Алкараз, не беше за пари

Првиот светски рекет Карлос Алкараз пред неколку дена објави дека се разделил од својот долгогодишен тренер Хуан Карлос Фереро.

Јавноста веднаш претпостави дека тоа се случило поради пари бидејќи Алкараз практично е со Фереро уште од дете и дека неговиот менаџер и татко верувале дека веројатно е преплатен. Поранешниот тренер на шесткратниот освојувач на Гренд слем трофеи, во интервју за шпанскиот весник Марка, тврди дека тоа не е случај.

„Знам дека многу се зборува за пари, но јас секогаш покажував дека парите не се најважна работа. Не е вистина дека барав повеќе, но е вистина дека имав висок процент на заработка и сум благодарен за тоа. Веднаш реков дека прашањето за заработката не е клучно, ниту пак е мотив за мојата работа со Карлос.

Се чинеше дека сè оди како што треба. Сезоната заврши, се подготвуваше нов договор. Не се согласивме за сите детали, во таборот на Карлос разгледуваа што е најдобро за него, јас разгледав што е најдобро за мене. Ќе беше подобро да седнеме и да разговараме за сè, но тоа не се случи. На крајот, решивме да се разделиме. Не сакам да навлегувам во детали, но така беше“, рече Фереро.

Тој не крие дека е повреден од развојот на настаните и дека навистина не очекувал вакво нешто.

„Еден ден би можеле да играме голф, но сега е потребно време да се прифати сето ова. Не е толку лесно. Многу боли“, додава шпанскиот стручњак.

фото: EPA photo