Tрагедија го погоди македонскиот фудбал: Почина Васил Рингов!
Рингов е поранешен македонски, но и југословенски репрезентативец кој на клупски план длабока трага остави во дресот на Вардар. Настапуваше уште за белградски Партизан, Динамо Загреб, германскиот Ахнтрахт Брауншвајг, а во Македонија беше член и на Тетекс и на Беласица, каде што ја започна кариерата.
За Вардар одигра повеќе од 200 натпревари во кои постигна 93 гола.
Животот го загуби по кратко боледување на 70-годишна возраст.