Трагедија во Романија: Фудбалска репотеркаа починала по пад од седми кат, оставила чудна порака

Романската спортска јавност е потресна од трагедијата во која животот го загуби 28-годишната Малина Марија-Ѓулер, фоторепортерка и новинарка.

Во својата земја таа беше позната како спортски фотограф и најчесто беше дел од фудбалски натпревари. Работеше за неколку локални и регионални медуми во Романија.

Исто така беше активна и на социјалните мрежи каде што брои над 30.000 следбеници. Според информациите од медиумите таа животот го загубила по пад од седми кат на зграда во Ордеи. Полицијата информирала дека ништо не покажувало дека се работи за некакво кривично деело.

Но, се додава и дека непосредно пред трагедијата оставила чудна порака на социјалните мрежи.

„Вашата зона на комфорот ќе ве убие“, стоело во нејзината објава.

Засега повеќе причини не се откриваат.