Партизан има нов тренер - довчерашниот предводник на Барселона
И Пењароја беше без ангажман од минатиот месец кога доби отказ од Барселона и на негово место дојде Чави Пасквал, како резултат на лошиот старт на сезоната. Своите најголеми успеси Шпанецот ги оствари со Бургос со кого во 2020 и 2021 година ја освои титулата во Лигата на шампионите, а потоа и Интерконтиненталниот куп на ФИБА.
Во својата кариера ги водеше уште Валенсија, Басконија, Манреас и Андора, а во Валенсија работеше со македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Заедно со него, во стручниот штаб на Партизан доаѓа уште Урош Драгичевиќ кој ќе му биде помошник.
Своето деби на новата функција, Пењароја ќе го забележи в петок, на евролигашкиот дуел против Макаби во Белград.