Емотивна сцена во Мадрид: Фудбалер на Реал во солзи се збогувал со колегите
Ендрик не добива голема шанса кај тренерот Чаби Алонсо, па поради тоа си договорил позајмица во францускиот гигант Лион.
Бразилецот по мечот против Севиља имал емотивна средба со колегите, односно во солзи се збогувал со нив затоа што го напушта „Сантијаго Бернабеу“ на шест месеци.
По завршување на позајмицата во седумкратниот француски шампион, Ендрик се враќа кај „кралевите“ затоа што сметаат дека ќе биде еден од лидерите на тимот во иднина.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.