„Светот“ подобар од „Македонија“ на женскиот дел од Олстарот

Денеска се одржа „Собирот на сите ѕвезди“ во СРЦ „Канле“ во Скопје, при што тимот „Свет“ успеа да слави против тим „Македонија“ со 91-79.

Странските кошаркарки беа одлични на теренот и успеаја да ги надиграат Македонките, а најефикасна на теренот беше Алексис Пул со 27 поени и шест скокови, како и индекс - 29.

На теренот имаше уште едно натпреварување, односно во удари за три поени, каде што најдобра беше Сара Максимовска од Баскет Кам.

Претходно се одржа и мечот межу македонските надежи од М20-лигата, при што „Next Step“ славеше против „Next Generation“.

Фото: Кошаркарска Федерација на Македонија