Атлетико Мадрид со три голови ја декласира Жирона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид триумфираа против Жирона со убедливи 3-0 во 18. коло од шпанската Ла Лига.

Коке по 13 минути ја затресе мрежата на домаќинот за водство од 1-0 на Атлетико, додека до крајот на првото полувреме погоди и Конор Галагер (2-0).

Третиот гол за гостите од Мадрид го постигна Антоан Гризман во судиското надополнување на вториот дел и донесе три бодови за Атлетико.

Атлетико е трет во Ла Лига со 37 бодови, односно пет помалку од Реал Мадрид и шест помалку од Барселона.

Фото: Facebook/Atlético de Madrid