Барселона украде англиско „чудо од дете“ пред нос на Германците

Поранешниот европски шампион Барселона продолжи со трансфер-политиката за ангажирање на млади и талентирани фудбалери, а последниот потег привлече големо внимание.

Каталонскиот гигант наводно успеал да го договори 15-годишниот Ејџеј Таварес од Норич Сити, кој е талентиран напаѓач и многумина е вистинско „чудо од дете“.

Голем интерес за услугите на Таварес покажаа бундеслигашите Лајпциг и Борусија Дортмунд, но Барселона успеа да ги претрка во борбата за неговиот потпис.

Во Барселона веруваат дека Таварес има потенцијал еден ден да стане важен член на екипата.