Голманот кој ќе го засили Вардар е во топ 5 во втората најсилна лига во светот!
Шатр во овој момент е 14-ти тим во првенството по 15 кола, а Бомштар е еден од најдобрите. Имено, по бројот на одбрани (146) тој се наоѓа на петто место, додека кога во прашање е просекот е место подоле со (9.73).
Поради тоа интерес за Бомштар покажале и други европски клубови, меѓутоа тој одлучил по Франција да ги брани боите на Вардар.
Покрај него во скопскиот тим се очекуваат и уште неколку засилувања, а веќе беше потврдено Жоао Педро Да Силва кој од јануари ќе облече дресот на Вардар.