Шокантно признание на екс-фудбалерот на Интер: Три пати размислував на самоубиство!

Поранешниот фудбалер, Фреди Гуарин кој во кариерата настапуваше за Порто и Интер сега отворено зборуваше за тешките моменти во неговата кариера.

За Интер, Гуарин одигра повеќе од 140 натпревари, но не успеа да освои трофеј, а откако ја напушти Европа продолжи вво: Кина, Бразил и Колумбија.

„Додек бев во Интер почнав да пијам затоа што не бев до сопругата, кога се преселив во Кина ситуацијата стан уште полоша. Го губев семејството, моите деца беа далеку од мене и јас се чувствував одговорен за таквата ситуација.

„Во една ситуација го нападнав мојот татко, не бев при свест, бев пијан. Сега, кога и да можам, му се извинувам, ми прости одамна. Дури и трипати размислував да си го одземам животот, Бог ме спаси. Еден ден седев сам дома и бев пијан. Почнав да ги барам луѓето кои ми беа блиски, никој не се јави. На крајот побарав помош од мојот агент и психолог“, раскажа Гуарин.

Тоа се покажало како исправен потег затоа што започнал програма за одвикнување од алккохол и се врати на тренирањето, шест месеци подоцна по четири години повторно ги ввидел своите деца.