Шок на „Стемфорд Бриџ“: Мареска заедно со две ѕвезди се сели во Манчестер сити!?

Светскиот клупски шампион Челси е главна тема во Англија деновиве откако се појави шпекулација дека тренерот Енцо Мареска не е во добри односи со раководството на премиерлигашот, а тоа сака да го искористи Манчестер сити.

Најновите шпекулации се дека „граѓаните“ ќе им го земат тренерот на „сините“ по завршување на актуелната сезона, односно Мареска ќе го наследи Пеп Гвардиола на кормилото на актуелниот англиски шампион.

Манчестер сити не планира да запре само со стратегот, туку сака да земе и две ѕвезди на Челси, а станува збор за Кол Палмер и Естевао.

Гигантот од „Итихад“ наводно планира да плати 205 милиони евра за Палмер, како и 135 милиони евра за Естевао.

Фото: EPA