Нов скандал во Реал: Винисиус му се потсмева на Чаби Алонсо по примен гол (ВИДЕО)
И порано се зборуваше за тоа дека главните играчи не се задоволни од начинот на работа на новиот тренер, а докази за нивната нетрпеливост стигнуваат со секој нов ден. Последниот скандал се случи во последните моменти од натпреварот против третолигашот Талавера кога Реал прими гол и резултатот беше 3-2.
Иако постоеше реална опасност Реал да ја загуби предноста и да се изведуваат пенали, на клупата беше мошне весело и сето тоа поради однесувањето на бразилскиот репрезентативец. Камерите го фатија како му се смее на Чаби Алонсо и нешто му зборува на Ендрик, а слушаат и Ѓулер и Мастантуоно кои исто така со потсмев гледаат кон тренерот.
Чаби Алонсо на денешната прес-конференција изјави дека не забележал дека некој му се смее и избегна одговор, но јасно е дека со вакво однесување на фудбалерите, не му се пишува добро оваа сезона.