Мечот со Севиља е посебен за Килијан Мбапе - да се биде или не!
Французинот може да сруши голем рекорд на Кристијано Роналдо, бројки кои изгледаа нереални, а за да го направи тоа има само уште еден натпревар, тој со Севиља.
Рекордот на Роналдо е 59 голови во една календарска година. Ниту еден фудбалер на Реал Мадрид освен Португалецот не го направил тоа.
Но, со двата погодоци кои ги постигна во Купот на Шпанија, Килијан Мбапе дојде до 58 голови во 2025 година и му недостасува уште еден за да се израмни со Роналдо, а уште два за да биде осамен на врвот.
Реал Мадрид има само уште еден меч оваа година, тоа е утрешниот дуел со Севиља, па ќе биде интересно да се види дали Мбапе ќе успее да го урне рекордот на Роналдо.