Шестата победа по ред го однесе Сити во полуфиналето од Лига купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити е втор полуфиналист во Лига купот на Англија откако вечерва на домашен терен го совлада Брентфорд со 2-0.

„Граѓаните“ му се придружија на Челси кој вчера обезбеди место меѓу четирите најдобри. Вечерва Гвардиола излезе со дури девет измени во стартниот состав во однос на претходниот меч, но и покрај тоа стигна до шестата победа во низа, сметајќи ги сите натпреварувања.

Шерки го отвори резултатот во 32. минута, кон средината на второто полувреме погоди и Савињо, а Брентфорд иако имаше неколку шанси, не успеа да постигне барем почесен гол.