ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
Со поддршка на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, Здружението на лекувани зависници, на 04.12.2025 одржа едукативно предавње за студентите на психологија на Славјанскиот универзитет во Битола.
Говорници на предавањето беа прим. д-р Павлина Васкова, спец. невропсихијатар, како и психологот д-р Илинка Васкова. Тие како стручни лица во областа, го споделија своето искуство запроблематиката и предизвиците на зависностите, нагласувајќи ја важноста на превенцијата,заштитата и одговорноста.
Особен акцент беше ставен на улогата на едукацијата како клучен фактор во спречувањето на негативните последици од прекумерното играње, особено кај младата популација.
Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, континуирано вложува во унапредување и примена на високи стандарди за одговорно приредување игри на среќа, во согласност со политиката за одговорно играње. Целта е намалување на ризиците за сите играчи, со посебен фокус на заштита на ранливите категории.
Како прва компанија од оваа дејност која системски и сериозно пристапува кон прашањето на одговорното играње и почитување на регулативите, ДВЛМ преку едукација, информирање и заштита на играчите, активно се залага за превенција на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа и за промовирање на култура на одговорно играње.