ФФМ распиша конкурс за изработка на шампионски пехар за Првата лига
ФФМ сака преку конкурсот да добие современо, препознатливо и автентично уметничко решение за новиот трофеј наменет за шампионот.
Идејните решенија може да се достават електронски на ffm@ffm.com.mk или во архивата на ФФМ (бул. АСНОМ 21) најдоцна до 15 март 2026, додека условите за учество следат во продолжение или на веб-сајтот на ФФМ.
Право на учество имаат: академски уметници, дизајнери, студенти на ликовни академии, архитекти, скулптори и други лица со креативен визуелен израз. Секој учесник може да конкурира со најмногу три идејни решенија.
Учесниците треба да достават:
- Кратко образложение за концептот на пехарот.
- Визуелна презентација: скица, 3D рендер, технички цртеж или макета (фотографии).
- Предлог материјали, висина и форма на пехарот.
- Контакт информации.
- Критериуми за избор
- Креативност и оригиналност
- Препознатлив македонски визуелен идентитет
- Функционалност и издржливост
- Можност за реализација
- Естетика и симболика