Левандовски не ги сака парите на Саудијците, но нема да остане ниту во Европа!
Полскиот напаѓач се поврзуваше со Милан, но и со клубови од Саудиска Арабија, сепак, како што сега стојат работите негова следна дестинација ќе биде Чикаго.
Тој веќе почнал преговори со Чикаго, а наводно неговото семејство веќе бира и куќа таму. Тие сметаат дека тоа е идеално место за живеење.
Саудијците му нудат повеќе пари, но Левандовски направи веќе многу, па иднината не ја бира според тоа кој повеќе ќе му понуди.