Анчелоти ќе остане селектор на Бразил без разлика на резултатите на СП 2026

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти е во преговори со Бразил да ја продолжи соработката до Мундијалот во 2030 година.

Анчелоти во мај годинава потпиша едногодишен договор со „кариоките“, односно до крајот на Светското првенство (СП) во 2026 година, но наскоро ќе стави потпис на нова соработка.

Преговорите меѓу двете страни течат во најдобар ред и се очекува наскоро да биде продолжен договорот, што значи дека Анчелоти ќе остане селектор без разлика на резултатите на Бразил на СП 2026.