Салах добил понуди од шест лиги, но веќе решил каде ќе се пресели!?

Мохамед Салах најверојатно во јануари ќе го напушти актуелниот англиски шампион Ливерпул, а во медиумите се појавија информации дека на негова адреса пристигнале понуди од клубови од шест различни лиги.

За египетскиот репрезентативец биле заинтересирани тимови од Саудиска Арабија, САД, Франција, Италија, Германија и Шпанија, меѓутоа ниту еден тим не можел да понуди услови како саудиските екипи.

Саудијците се подготвени да му ги исполнат сите барања на Салах, а наводно Египќанецот веќе се решил дека вистински чекор за него е да се пресели во С. Арабија.