Ни 12 тројки на Кари не му стигнаа на Голден Стејт (ВИДЕО)

Портланд Треил Блејзерс го победи Голден Стејт со 136-131 и покрај спектакуларниот настап на Стеф Кари, кој постигна 48 поени. 

Ветеранот одигра еден од своите најдобри натпревари, погодувајќи 12 од 19 тројки, само една тројка помалку од неговиот личен рекорд. Му недостигаше еден поен за да го израмни својот најдобар скор во сезоната, а на последните два меча има просек од неверојатни 43,5 поени. Петти пат во кариерата тој постигнува најмалку 12 тројки на натпревар што е рекорд во историјата на НБА.

Натпреварот беше решен во драматична завршница. Со својата 11. тројка, Кари им донесе водство на Вориорс од 124-121 на три минути до крајот, а потоа ја зголеми предноста на пет поени. Сепак, Блејзерс не се предадоа. Грант одговори со тројка, а Авдија погоди уште една за да го врати водството на Портланд (127-126) на нешто помалку од две минути до крајот. Кари потоа погоди уште еднаш од дистанца и го врати водството на Вориорс на 129:127. Клучниот момент се случи на една минута и 11 секунди до крајот кога Грант погоди кош со дополнително слободно фрлање и му донесе на Портланд водство од 130-129.

Авдија ја запечати победата со две слободни фрлања на 19 секунди до крајот. Во следниот напад, Кари промаши, а Шедон Шарп ги постави конечните 136-131 од линијата за слободни фрлања за да ја обезбеди победата на Блејзерс.

Џерами Грант и Шедон Шарп постигнаа по 35 поени во победничкиот, а заедно со фантастичното дуо, Дени Авдија исто така одигра клучна улога во победата на Блејзерс со 26 поени, осум асистенции и седум скока. Домашниот тим извонредно му се спротивстави на Кари, погодувајќи 20 тројки од 39 шута (51,3%), при што Грант постигна седум, а Шарп пет.

РЕЗУЛТАТИ
Атланта - Филаделфија 120-117
Бруклин - Милвоки 127-82
Чикаго - Њу Орлеанс 104-1114
Минесота - Сакраменто 117-103
Феникс - ЛА Лејкерс 103-114
Портланд - Голденд Стејт 136-131