Јакимовски повторно двоцифрен, нова победа на Тренто
По магичното издание против Бурж во Еврокупот, нашиот кошаркар имаше голем придонес во триумфот на својата екипа во италијанското првенство против Венеција со 96-90. За 31 минута во игра, Јакимовски постигна 11 поени, осум скока и три асистенции, потврдувајќи дека се наоѓа во одлична форма.
За Тренто ова беше петта победа во 11. натпревар во Лега А оваа сезона по која се најде на деветтото место на табелата.