Скопје го губи чекорот со водечките, пораз од Детонит!
Клучниот момент на мечот се случи уште во 14. минута кога Иван Галевски постигна гол за водство на Детонит од 1-0.
До крајот на мечот имаше уште многу време, но гостите од Скопје не успеаа да ја затресат мрежата на домаќините.
Скопје остана на петтата позиција со 29 бодови, тоа се седум помалку од лидерот Охрид и четири помалку од Брегалница која е трета на табелата, на последното место кое носи плеј-оф.
Детонит се качи на седмото месо на табелата.