„Во Реал нема мангуп кој би им подвикнал на размазените ѕвезди – затоа губи!“
Според искусниот француски напаѓач, тимот на Чаби Алонсо во моментов делува како „раштимуван оркестар“, пред сè поради недостиг на лидерство и слаба поврзаност меѓу најофанзивните играчи. По вториот пораз по ред на мадридскиот гигант, актуелниот голгетер на Ал-Итихад се обиде да навлезе во суштината на проблемот, истакнувајќи дека во тимот недостига фудбалер со авторитет кој ќе знае да реагира и да го крене гласот кога е потребно, сè во интерес на колективот.
„Главниот проблем е поврзаноста меѓу Мбапе, Белингам, Винисиус и Родриго. Секој мора јасно да знае која е неговата улога на теренот. Белингам треба да разбере дека е креатор на играта, а не класичен стрелец, додека кај Мбапе е спротивно. Винисиус не е дефанзивен играч, туку лево крило. Кога секој ќе ја знае својата задача, тогаш сè ќе функционира, бидејќи станува збор за најдобрите играчи во светот во ист тим“, изјави Бензема во интервју за францускиот „Л'Екип“.
Французинот, чиј договор со клубот од Џеда истекува на 30 јуни, дополнително нагласи дека во Реал недостига искусен ветеран кој со својот авторитет ќе ги обедини ѕвездите и ќе внесе ред во соблекувалната.
„Реал Мадрид веќе нема мангуп кој ќе им пријде на размазените ѕвезди и ќе им подвикне, односно ќе им каже што треба да прават“, додаде Бензема.
Во меѓувреме, според најавите од Шпанија, раководството на Реал планира да му даде шанса на Алонсо да остане на клупата барем до градското дерби против Атлетико Мадрид на почетокот
Од јануари, иако евентуален кикс на претстојниот натпревар против Алавес би можел сериозно да ја доведе во прашање неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.
ФОТО: EPA PHOTO