Орландо одигра магично во Мајами, Њујорк во полуфиналето на НБА-купот (ВИДЕО)
„Магичните“, иако настапија без повредениот Франц Вагнер, направија голем подвиг и го исфрлија Мајами (117-108). Тимот доби неочекуван лидер во Дезмонд Бејн, кој блесна со 37 поени, а поддршка му дадоа Џејлен Сагс со 20 и Паоло Банкеро, кој по враќањето од повреда реализираше 18 поени. Кај Мајами, најистакнати беа Тајлер Хиро со 20 поени, како и Бем Адебајо и Ендрју Вигинс со по 19.
Пласман меѓу најдобрите четири избори и Њујорк. Никс го контролираа дуелот со Торонто и славеа со 117-101, предводени од расположениот Џејлен Брансон кој уфрли 35 поени. Џош Харт го следеше со 21 поен, додека Торонто најмногу се потпираше на Брендон Инграм, стрелец на 31 поен.
Во полуфиналето од НБА купот, Орландо ќе игра против Мајами, а второто полуфинале ќе го сочинуваат победниците од денешните пресметки помеѓу Оклахома и Феникс, односно ЛА Лејкерс и Сан Антонио.
ФОТО: X / @OrlandoMagic