Германките го здробија Бразил за пласман во полуфинале на СП
Германија ја контролираше играта од самиот старт, а Бразил не успеваше да фати ритам и затоа на паузата замина со негатива од шест погодоци (11-17).
Бразил заигра подобро во второто полувреме и намали на три голови негатива (22-25), меѓутоа Германките не дозволија изненадување, па го засилија темпото во финишот и ги корегираа грешките за славје од 30-23.
Најефикасна во победничкиот состав беше Антје Дул со шест голови, додека Де Паула запиша шест погодоци за Бразил.
Норвешка вечерва стана втор полуфиналист на СП, откако ја прегази Црна Гора со 32-23.
Фото: Facebook/Handball Bundesliga Frauen