Ван Бастен: Салах има мозок на инсект!

Фудбалската легенда Марко Ван Бастен удри по ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах откако Египќанецот кажа дека не е задоволен со статусот во премиерлигашот.

Салах предизвика бура во медиумите и на „Енфилд“, поради што беше отпишан за мечот против Интер во Лигата на шампиони (ЛШ), а сега пристигна реакција и од Ван Бастен.

„Тој има мозок на инскет. Минатата година беше добар, но оваа сезона е ужасен. Последните неколку месеци беше многу лош. Слот го сметам за искрен тренер, не бега од конфликт и знае да донесе вистинска одлука. Салах, од друга страна, почна да го напаѓач човекот и да реагира погрешно“, кажа Ван Бастен.