Силекс во едно полувреме го реши Работнички, продолжи кризата и за Шкупи (ФОТО)
Екипата на Силекс во натпреварот во Скопје лесно се справи против Работнички и слаавеше победа со 3-0. Работнички одигра ужасен прв дел од сезоната и се наоѓа на претпоследното место, полош е само Шкупи.
Кратовчани работата ја завршија уште во првото полувреме кога ги постигнаа трите погодоци. Мирчевски ја најави победата со два брзи гола во 10-тата и 13-тата минута, додека третиот гол кој беше дело на Додев гостите го постигнаа пред крајот на првот дел во 44. минута. На табелата Силекс сега со овие три бода е на 31 и се наоѓа на четвртата позиција зад Вардар, Струга и Шкендија.








Сигурна во својот натпревар беше и Брера која го совлада Шкупи на гости во Чаир со 3-1. Шкупи првиот дел од сезоната го завршува како единствен без победа и со само еден бод во 16 натпревари, Брера е прва над опасната зонна на седмата позиција со 19 и за нив денешниот триумф беше прв по пет натпревари без победа.