Маџари рутински излезе на крај со Гостивар (ФОТО)

Екипата на Маџари го оствари четвртиот триумф во сезоната откако попладнево како гостин го совлада Гостивар со 78-64.

Иако дебитант во Суперлигата, Маџари одигра рутински и ја оствари највисоката победа откако се натпреварува во елитната конкуренција. Го диктираше темпото речиси во сите 40 минути, а највисоката предност што ја имаше, изнесуваше 21 разлика.

Гостиварци, кои пред паузата направија изненадување, совладувајќи го Пелистер, денеска беа рамноправни само во првата четвртина која заврши 15-15. Вториот период домаќините го почнаа со серија од 12-0 и оттогаш до крајот не дозволија Гостивар да се врати во игра и евентуално да направи пресврт.

Амар Хот беше убедливо најдобар играч на натпреварот со постигнати 15 поени и 18 скока за индекс 28. Абрам со 15 поени го предводеше Гостивар, но беше далеку од својот најдобар ефект и од поле шутираше 4/14.