Рекордна победа на Работнички во дуелот со Ангели

Екипата на Работничкки им се врати на победите во домашното првенство откако попладнево ги совлада Ангели со 117-73.

Тимот од Градски парк со тоа постави два рекорди на сезонзта бидејќи 117. поени се најмногу што една екипа успеала да постигне, а триумфот од 44 разлика е највисок во досегашните девет кола. Досегашните рекорди во овие категории ги држеше Пелистер со 115 поени и 42 разлика.

Работнички се соочи со играчки проблеми последната недела поради што се очекуваше да има проблеми на дуелот во Кисела Вода, но оние што му беа на располагање на Владимир Мирковски максимално ја одработија својата задача. Работнички веќе до полувреме водеше со 24 поени разлика (63-39), па вториот дел беше само формалност и можност за двајцата тренери да ги искористат и играчите со помала минутажа.

Алстон беше најефикасен кај Работнички со 25 поени, Робев додаде 21, а Ефремовски и Рикиќ по 20 со тоа што хрватскиот интернационалец забележа и 13 скока. Кечовски ги предводеше Ангели со 21 поен.