Седумкратен шампион платил 120 милиони евра за засилувања кои никогаш не дошле!
Седумкратниот француски шампион пријавил трансфери на пет фудбалери од Ботафого, кои наводно Лион ги платил, но тие никогаш не дошле во Франција.
Францускиот медиум пишува дека ова се случило во време на поранешниот претседател Џон Текстор, кој ќе остане запаметен по големиот број контроверзи, но ова дефинитивно е дополнителен удар за Лион.
Лион пријавил трансфери од 120 милиони евра на Луис Енрике, Игор Жесус, Саварино и уште двајца фудбалери, кои никогаш не пристигнале во францускиот гигант.
Бившиот гигант во претходните месеци едвај избегна испаѓање во понизок ранг, откако казната беше променета по жалбата, а клубот се согласи на период во кој мора да ги среди финансиите.