Подготвени се милионите: Салах доби примамлив повик од С. Арабија

Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах повторно е во центар на внимание затоа што медиумите шпекулираат дека наскоро ќе го напушти актуелниот англиски шампион Ливерпул.

Ливерпул во септември 2023 година одби понуда од 150 милиони фунти од Ал-Итихад за Салах, но овој пат Египќанецот не е омилен кај навивачите поради падот на формата, па постои реална шанса да замине од „Енфилд“.

„Телеграф“ пишува дека саудиските тимови ја следат ситуацијата со Салах и веќе се подготвени милионите кои треба да стигнат на адресата на премиерлигашот, но и на искусниот фудбалер.

Ал-Хилал наводно е главен фаворит за потписот на Салах, а веќе испратил и примамлива понуда, меѓутоа деталите засега не се откриваат.

Фото: Facebook/Liverpool FC