Мекларен им подготви специјален болид на Норис и Пјастри за трката во Абу Даби (ВИДЕО)

Tимот на Меклрен го претстави специјалниот изглед на болидот за одлучувачката трка овој викенд во Абу Даби.

Мекларен и неговиот главен партнер Вело го претставија изгледот на болидот со кој Ландо Норис и Оскар Пјастри ќе атакуваат на титулата.

Двајцата возачи во последната трка влегуваат со шанси за титулата, но тука е и Макс Ферстапен кој ќе се обиде да дојде до петтата титула во низа.

Фаворит е Норис бидејќи влегува со 12 бода предност пред Ферсстапен и ќе му биде потребно најмалку да освои подиум за обезбедување на титулата.

Трката е закажана за в недела.