Тренерот на Валенсија потврди - Димитриевски ќе брани!
Димитриевски креираше вистинска бура во Валенсија со неговата изјава дадена во Македонија, па нејасно беше дали Македонецот повторно ќе застане меѓу стативите во овој шпански тим.
Но, недоразибрањата се надминати и нашиот голман ќе биде стартер во купот.
„Димитриевски ќе стартува. Проблемот е минато, тој призна дека погрешил со изјавата и се извини. Ситуацијата е завршена со парична казна, нема да има никаква спортска санкција. Договорот важи, Столе е нашиот прв голман во Купот на кралот“, рече Корберан.