Реал ја одигра најдобрата партија под водство на Алонсо - три бода од Билбао! (ВИДЕО)
Резултатот го отвори Килијан Мбапе со гол уште во седмата минута, а потоа беше полесно.
На три минути пред крајот на првото полувреме по една одлична акција, Мбапе со глава асистираше до Камавинга кој исто така со глава реализираше за водство од 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Мбапе со својот втор гол на натпреварот. Тоа се случи во 59. минута по аситенција од Карерас.
Ова е многу важна победа за кралскиот клуб по лошите резултати во последно време.