Гол на Елмас во пенал-серијата, Наполи го мина Каљари во Купот на Италија! (ВИДЕО)

Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути за Наполи, а даде и гол во една луда пенал серија која имаше дури 10 рунди, а по која неговиот тим го совлада Каљари и се пласираше во следното коло од италијанскиот куп.

Наполи поведе со гол на Лука во 28. минута, но Еспозито во 67. минута израмни на 1-1 и тоа беше резултатот по 90 минути.

Правилата во Купот на Италија се такви што натпреварот веднаш отиде во пенал серија, немаше продолженија.

Пенал-серијата беше посебна приказна, ретко се промашуваше, а таа траеше дури десет рунди. Елиф Елмас беше еден од стрелците.

Еден од најатрактивните пенали беше на голманот Вања Милинковиќ-Савиќ кој ја „скина“ мрежата на противникот.

Од десет шута Наполи промаши само еднаш, а Каљари двапати, па Наполитанците се пласираа во четвртфиналето каде го чекаат победникот од дуелот меѓу Фиорентина и Комо.