ФФМ почна преговори: Мрме или Седло ќе го наследат Боби Милевски!
Предводниците на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе почнале преговори со двајцата реномирани стратези пред кои е исклучителна можност да ги однесат жолто-црвените на СП 2026 во САД, Мексико и Канада. За тоа е потребно да се минат две фази од баражот, во кој во полуфиналето ќе ги одмериме силите со Данска, а во евентуалното финале би играле против подобриот од пресметката помеѓу Чешка и Ирска.
Нашите информации целат дека кандидатот кој ќе добие повеќе гласови во Управниот одбор (УО) и кој, секако претходно ќе се согласи на условите, ќе добие четиригодишен договор, без разлика на исходот од бараж-пресметките.
Ангеловски, кој во минатото беше тренер на Работничка, а потоа шест години македонски селектор, од неодамна е тренер на кипарскиот тим Етникос Ахна, додека Седлоски сигурно граби со Вардар кон шампионската титула.