Трајковски потврди: Се поклопија работите и се договоривме со Локомотива!
Нашиот репрезентативец за хрватските медиуми изјави дека е среќен што повторно ќе игра во тамошното првенство и што овојпат ќе го носи дресот на Локомотива.
„Многу ми е мило што ќе станам нов играч на Локомотива, тим кој доволно го познавам од времето кое го поминав во Хрватска, односно во Хајдук. До овој договор дојде така што се поклопија работите, односно потребата на Локо и мојата, се надевам дека соработката ќе им користи на двете страни“, рече Трајковски.
Хрватскиот клуб уште не го потврдил ангажманот на Трајковски, но наскоро се очекува да се случи и тоа.