Вардарецот Хориха ќе игра за Македонија!
Хориха во изјава за „МакСпорт“ потврдил дека разговарал со селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров и дека од април се очекува да го облече дресот на Македонија.
За да го облече дресот на Македонија, украинскиот интернационалец мораше да помине 36 месеци по ред во новата земја, но и да поминат три години од неговиот последен настап за претходната селекција.
Украинецот тоа ќе го исполни во април 2026 година, по што ќе може да го носи „црвено-жолтиот“ дрес.