Ферстапен добива нов колега: Ред Бул избра втор возач за 2026 година

Поранешниот шампион во конструктори, Ред Бул долго време бараше тимски колега на Макс Ферстапен, а медиумите пишуваат дека изборот паднал на Исак Хаџар.

Хаџар треба да пристигне на местото на Јуки Цунода, кој имаше ужасни резултати оваа сезона, иако се очекуваше многу од него по доаѓањето на местото на Лиам Лосон.

Ред Бул се очекува да го потврди новиот возач во текот на утрешниот ден, а тоа за Хаџар ќе биде голем предизвик во кариерата.

Фото: EPA