Џабе целиот циркус и навивачки спектакл: Обрадовиќ одбил да се врати во Партизан!

Најдобриот европски тренер на сите времиња, Жељко Обрадовиќ, не прифатил да се врати на клупата на Партизан и покрај големата поддршка од навивачите кои вчера му приредија спектакуларен пречек по пристигнувањето од Атина.

Според српските медиуми, исходот од денешниот состанок со Управниот одбор бил негативен - Обрадовиќ не ја повлекол оставката и останува на ставот дека нема услови да продолжи со работа. Клубот засега нема издадено официјално соопштение, а конечната одлука се очекува утре, пред првиот тренинг по четиридневната пауза.

Како клучна причина за неговата одлука се наведува нарушениот однос со играчите. Неофицијалните информации говорат дека тимот не реагирал на барањата и насоките на тренерот, ниту успеал да ги спроведе на терен, што кај Обрадовиќ создадало впечаток дека соработката повеќе не е одржлива.

Партизан речиси сигурно ќе остане и без спортскиот директор Зоран савиќ, кој буквално бил избркан од седницата на УО на клубот.