Фудбал ли е, ватерполо ли е: Комични сцени на поплавениот терен во Кратово (ВИДЕО)

Денешниот натпревар помеѓу Силекс и Арсими од 15. коло на Првата македонска лига започна со доцнење и се игра во исклучително отежнати услови, поради обилните врнежи што деновиве ја зафатија државата.

Дуелот во Кратово стартуваше дваесетина минути подоцна од предвиденото, откако поплавениот терен едвај беше оспособен за игра. И покрај тоа, двете екипи веднаш влегоа во динамично темпо и создадоа неколку прилики пред противничките голови, иако има многу комични сцени.

Сепак, калливата површина редовно ги менуваше плановите на фудбалерите — топката често запираше во вода, што предизвикуваше и реакции од малата публика, која со смеа и аплаузи ги следеше необичните ситуации на тревникот. Екипата на Арсими пред крајот на првото полувреме успеаја да го шокира домаќинот и да поведе со 1-0.